• сабота, 21 декември 2024

Петицијата против трансродовите лица во женскиот спорт достигна 40.000 потписи

Петицијата против трансродовите лица во женскиот спорт достигна 40.000 потписи

Лозана, 5 декември 2024 (МИА) - На претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во седиштето во Лозана, Швајцарија им е доставена петиција со 40 илјади потписи на спортисти од различни земји. Документот повикува на заштита на „женскиот спорт, личниот простор и основната правичност“ наспроти редовното појавување на поранешни мажи на женските натпревари и во женските соблекувални.

- Мажите и жените се различни. Нивните физички разлики им даваат на мажите спортски предности. Научното истражување ја поддржува оваа реалност. Оваа политика ги става чувствата над правдата и идеологијата над вистината, се наведува во писмото. 

Американската пливачка Рајли Гејнс е една од иницијаторите на петицијата.

-Жените постојано изразуваа загриженост за безбедноста, приватноста и правичноста во женскиот спорт. ИОК мора да заземе став за заштита на правата на жените ширум светот, спасувајќи го нашиот спорт - не само за сегашната генерација на спортистки, туку и за малите девојчиња кои сонуваат еден ден да освојат злато.

На последната Олимпијада имаше бурни реакции поради настап на трансродови лица на женскиот боксерски турнир. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан