• вторник, 16 јули 2024

Песната „Милениче“ на Лидија Димковска објавена во „Times Literary Supplement“

Песната „Милениче“ на Лидија Димковска објавена во „Times Literary Supplement“
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Песната „Милениче“ од македонската поетеса Лидија Димковска е објавена во последниот број на лондонскиот култен неделник „Тајмс Литерари Саплмент“ („Times Literary Supplement“), кој е едно од најпрестижните светски списанија за литература и култура. „Милениче“ од Димковска е објавена на англиски јазик, во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш-Стефановска. Песната „Милениче“ е од последната поетска збирка на Лидија Димковска „Гранична состојба“, објавена во 2021 год. во издание на „Или-Или“, која ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор на Струшките вечери на поезијата што се одржаа во август. мд/ац/

Остани поврзан