• недела, 22 декември 2024

Песков: Несогласувањата со Обама ги влошија односите

Песков: Несогласувањата со Обама ги влошија односите
Москва, 13 ноември 2020 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека несогласувањата за време на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама довеле до моментална деградација на односите со Соединетите Американски Држави. Во интервју за каналот РТ, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин го запознал Џо Бајден додека бил потпретседател на САД, но дека имал повеќе контакти со Обама. - Тоа не беше лесен дијалог, особено во последните шест месеци од владеењето на Обама, рече Песков, потенцирајќи дека имало многу несогласувања кои најверојатно претходеле на деградација на односите меѓу Русија и САД, кои кулминирале за време на претседателството на Доналд Трамп. паг/  

Остани поврзан