• вторник, 18 март 2025

Перу воведува вонредна состојба во Лима поради растот на криминалот

Перу воведува вонредна состојба во Лима поради растот на криминалот

Лима, 18 февруари 2025 (МИА) - Владата на Перу ќе воведе вонредна состојба во главниот град Лима и соседниот град Калјао, објави премиерот Густаво Адриансен. Одлуката е донесена поради растот на криминалот, а војската ќе биде ангажирана за поддршка на Националната полиција, јавува државната телевизија ТВ Перу.

Вонредната состојба ќе биде официјално воведена во текот на денот, а владата веќе го промени датумот за состанокот на Националниот совет за безбедност – наместо на 28 март, седницата ќе се одржи денеска.

Оваа одлука доаѓа по убиството на музичарот Пол Флорес, член на групата „Хармони 10“, кој беше застрелан кога вооружени лица нападнаа автобус со неговиот бенд. Претседателката Дина Болуарте најави дека војската ќе биде распоредена за борба против организираниот криминал и изнуда.

Владата, исто така, подготвува закон за реформа на затворскиот систем, со цел подобро справување со криминалните групи што оперираат зад решетки. ссм/

фото: архива

Остани поврзан