• недела, 22 декември 2024

Пентагон: Дополнителните американски војници во Источна Европа не се сили за одговор на НАТО

Пентагон:  Дополнителните американски војници во Источна Европа не се сили за одговор на НАТО

Вашингтон, 1 февруари 2022 (МИА) - Дополнителните американски војници, кои се во состојба на готовност во Источна Европа, нема да бидат дел од 8.000 американски војници подготвени да ги поддржат силите за одговор на НАТО, изјави портпаролот на министерот за одбрана Џон Кирби.

Во петокот, американскиот претседател Џо Бајден рече дека американски трупи во блиска иднина ќе бидат префрлени во земјите од Источна Европа и НАТО, но дека нема да бидат распоредени многу.

„Кога станува збор за билатерални договори или аранжмани со сојузниците на НАТО, ако им требаат дополнителни капацитети, ако сакаат, тогаш тоа ќе го прецизираме поединечно со секоја земја за да се увериме дека ќе ги исполниме потребите на најдобар начин, како што тие сакаат и можат да располагаат“, рече Кирби на брифинг со новинарите.

Тој појасни дека американските трупи кои веќе се во состојба на готовност во Соединетите Американски Држави нема да бидат дел од силите за одговор на НАТО, но ќе бидат достапни за распоредување во која било земја што има конкретни барања за помош во областа на безбедноста. „САД, исто така, би можеле да преместат некои американски војници кои веќе се наоѓаат на европската сцена на воени дејствија, во Источна Европа“, додаде Кирби. паг/

Остани поврзан