• недела, 22 декември 2024

Пензионерите од петок ќе можат со априлските пензии да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа

Пензионерите од петок ќе можат со априлските пензии да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа
Скопје, 18 април 2020 (МИА) - Владата им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. На 44. седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април. Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: - Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари; - Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; - Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; - Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан