• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски: Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни и солидарни

Пендаровски: Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни и солидарни
Скопје, 21 март 2020 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вечерва преку социјалните мрежи изрази сочувство за Италија, каде последните 24 часа починаа 793 лица од коронавирусот. - Сочувство за Италија и сите нејзини жители, меѓу кои се и наши сограѓани. Тажни вести слушаме од Италија секој ден. Бројот на жртви од #COVID19 во едно деноноќие се брои во неколку стотици. Сликите од болниците се страшни, а трендовите се неповолни. Загрижувачки вести слушаме секојдневно и од многу други земји, во нашиот регион и подалеку, пишува Пендаровски на фејсбук. Иако кај нас бројките се уште се во благ пораст, како што наведува, мораме да бидеме претпазливи. - Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме да си помагаме. Ограничете го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Ова е заедничка битка, не само наша и не само тука. Заштитете се себеси и сите околу вас, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил. Како што претходно објави МИА, во Италија за еден ден има нови 6.557 заразени, вкупно 53.578. Во последните 24 часа во таа земја починаа 793, со што смртниот биланс од Ковид-19 се искачи на 4825. мд/мч/  

Остани поврзан