• недела, 22 декември 2024

Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос

Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска попладне ќе говори на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.

Во фокусот на дебатата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, се очекува да бидат перспективите за проширување на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, нивната подготвеност за реализација на реформите, очекувањата од европските избори, подобрувањето на економската интеграција на регионот и неговиот раст.

На сесијата се очекува учество на шефови на држави и влади и министри на земјите од регионот и пошироко од Европа, како и претставници на бизнисот и невладиниот сектор.

Meѓу најавените излагачи на сесијата се и Мирек Душек, директор на Светскиот економски форум, Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, Александар Вучиќ, претседател на Србија, Милојко Спајиќ, премиер на Црна Гора, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Иракли Гарибашвили, премиер на Грузија, Албин Курти, премиер на Косово, Дорин Рецеан, премиер на Молдавија, Тања Фајон, вицепремиер и МНР на Словенија, Александер Шаленберг, сојузен министер за европски и меѓународни работи на Австрија, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западен Балкан, Мирослав Лајчак и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и други високи претставници. дма/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан