• четврток, 20 јуни 2024

Пендаровски ќе додели одликувања Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија

Пендаровски ќе додели одликувања Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во неговиот Кабинет на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија. Како што информира Прес-службата на претседателот, со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе бидат одликувани добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата. Орден за заслуги ќе добие и Стопанска комора на Северна Македонија, за својот 100-годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури. Со Повелба на Република Северна Македонија ќе биде одликуван Бранко Азески, за фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, како и за високо професионалното раководење со Стопанската комора и секторот на стопанството. ки/са/

Остани поврзан