• недела, 18 февруари 2024

Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост

Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, господин господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

-Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. Со своето дело патронот на Mакедонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост. Со силна вера, дисциплина и  посветеност, Св. Климент ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов. Споделувајќи ги светогледот, духовноста, културата и хуманизмот на големиот учител  и ние да даруваме љубов, да бидеме внимателни и грижливи, придонесувајќи за мирот, хармонијата, просперитетот и благосостојбата во македонското општество, пишува во честитката претседателот Пендаровски. дма/

Фото:МИА архива

 



Остани поврзан