• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски - Линде: Случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот на проширување на ЕУ

Пендаровски - Линде: Случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот на проширување на ЕУ

Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на која изрази очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски потенцира дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот и се заблагодари на министерката Линде за континуираната и конзистентна поддршка којашто ја добива нашата држава од Шведска во однос на европската интеграција.

Двајцата соговорници на средбата разговараа за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска. нд/сп/

Остани поврзан