• недела, 22 декември 2024

ПЕИ бара во преамбулата на Уставот да се внесе и „торбешкиот народ“

ПЕИ бара во преамбулата на Уставот да се внесе и „торбешкиот народ“
Скопје, 5 август 2022 Имајќи ја во предвид мултикултурната и мултиетничката реалност на Република Северна Македонија, уставно загарантираните норми со амандманите IV, VI, VII, IX, XI и XII од Уставот на Република Северна Македонија, како и меѓународните документи, кои Република Северна Македонија ги потпишала а некои и ги ратификувала, како што се: - Повелбата на Обединетите Нации, - Општата декларација 38 правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, Меѓународниот пакт За сопственичките. социјалните културните права, Меѓународната конвенција за укинување на сите облици на распа дискриминација. Декларацијата за укинување на сите облици на нетрпеливост и дискриминација, врз основа на верата и убедува вето. Конвенцијата за борба против дискриминацијати областа образованието. Декларацијата на OH правата на припадниците националните или етничките, верските и јазичните малцинства, - Завршниот акт на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,Париската повелба за Нова Европа и другите документи на ОБСЕ кои се однесуваат на правата на човекот, особено документот од состанокот по Копенхаген за човековите димензии и документот на Московскиот состанок на ОБСЕ за човековите димензии, - Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на човековите права и темелните слободи, како и Протоколот на таа конвенција. Препораките на ОБСЕ од Лунд за активно учество националните Препораките па малцинства во јавниот живот, ОБСЕ о Љубљина за разноликите општества, - Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, - Европската повелба за регионални и малцински јазици, - Инструментите на централно Европската иницијатива (ЦЕИ) за заштита на малцинските права, а особено фокусирајќи се на препораките на Советодавниот Комитет по Рамковната Конвенција заштита националните Малцинства при советот на Европа од 2004, 2007, 2011 и 2016 година, како и - Извештајот на Европската комисија од 16 Април 2018 година, каде се вели дека Република Северна Македонија треба да ги исполнува препораките на Советодавниот Комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Тргнувајќи од дефиницијата за малцинство прифатена мегународните институции, торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, со сите права и обврски што произлегуваат од важечките релевантно правно политички акти вклучително и важечките акти во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, врз основа фактичката состојба поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самиот себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори не претрпела дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши, било да се третирани како такви одвнатре од самите нив или однадвор од другите околу нив. Торбешката популација, без оглед нарекувана во определен амбиенти,останала таква каква што е - Торбешка. Со досегашното невклучување на оваа попилација во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија. Сметаме дека со внесување на Торбешите во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, ќе се исправи оваа голема исправаа направена кон оваа голема популација и ќе се создадат и претпоставки за интегрална Република Северна Македонија, која е единствена наша држава. Демократијата и основните човекови права можат да бидат ставени на хартија и во пракса да ги нема, но никогаш нема да ги има во пракса ако не бидат ЗАПИШАНИ на хартија. Токму од тие причини БАРАМЕ: - Во нацрт амандманот за промена на преамбулата да Уставот на Република Северна Македонија, да се внеси како уставна категорија, Торбеши одн. „Торбешки народ“. Партија за европска иднина ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан