• понеделник, 23 декември 2024

Педофил, осуден на 1.000 години затвор, е ослободен во САД

Педофил, осуден на 1.000 години затвор, е ослободен во САД
Њујорк, 4 јули 2020 (МИА) - Во САД педофил, кој е осуден на илјада години затвор, е ослободен на условна казна, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Питер Малори, жител на американската сојузна држава Џорџија, е ослободен по поминати осум години в затвор. Ослободителната пресуда ја даде Апелацискиот суд во мај оваа година,  утврдувајќи дека педофилот отслужил доволна казна. Малори беше уапсен во 2011 година поради поседување детска порнографија и навлегување во приватноста. Тој беше приведен во текот на истрагата за случаи на собирање порнографски материјал во кампусот на Техничкиотфакултет во Западна Џорџија, каде што работел. Полицијата се сомневала на еден од студентите за сторено кривично дело, но при претресот на компјутерот на Малори се откриени повеќе од 26.000 досиеја за детска порнографија. Во 2012 година, судот го прогласи за виновен. Во судницата тој беше опишан како „најактивниот колекционер на детска порнографија во светот“. гт/

Остани поврзан