• понеделник, 23 декември 2024

Пашињан: Статусот на Нагорно-Карабах останува нерешено прашање

Пашињан: Статусот на Нагорно-Карабах останува нерешено прашање
Ереван, 11 јануари 2021 (МИА) - Статусот на Нагорно-Карабах останува нерешено прашање, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашињан по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев. - За жал, овој конфликт останува нерешен. Се разбира, можевме да обезбедиме прекин на огнот, но има уште многу прашања што треба да се решат. Статусот на Нагорно-Карабах е едно од тие прашања, истакна Пашињан. Пашињан посочи дека Ерменија е подготвена да ги продолжи разговорите во рамките на Минската група на ОБСЕ, вклучително и за прашањето за спорниот регион. ми/

Остани поврзан