• понеделник, 23 декември 2024

Пашињан реизбран за премиер на Ерменија

Пашињан реизбран за премиер на Ерменија
Ереван, 2 август 2021 (МИА) - Никол Пашињан денеска е именуван за претседател на Владата на Ерменија. - Тој беше предложен од неговата партија Граѓански договор, се наведува во денешниот указ на ерменскиот претседател Армен Саркисијан. Партијата Граѓански договор, која има апсолутно мнозинство во Парламентот, предложи Пашињан да биде именуван за премиер. Граѓански договор победи на изборите одржани на 20 јуни годинава и освои 71 мандат од вкупно 107. Претседател и заменик -претседател на Парламентот, како и шефовите на постојаните комисии, ќе бидат избрани на првата седница, а најавени се промени во структурата на владата, иако се уште не е познато за какви промени станува збор. Денешната седница на Парламентот започна со скандал, бидејќи опозицијата побара да се испита законитоста на одлуката за притвор донесена против двајца опозициски пратеници, по што беше одредена пауза. Пашињан беше премиер на Ерменија од мај 2018 година, а од 2021 до 2018 беше пратеник. ми/

Остани поврзан