• петок, 22 ноември 2024

Пашињан и Алијев тврдат дека се залагаат за прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Пашињан и Алијев тврдат дека се залагаат за прекин на огнот во Нагорно-Карабах
Ереван, 8 октомври 2020 (МИА) - Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан  изјави дека прашањето за Нагорно-Карабах не може да се реши по насилен пат и ја повика меѓународнаата заедница да ја признае независноста на регионот, што е дел од Азербејџан претежно населен со Ерменци. Прашањето за Карабах не може да се реши со насилство. Ниту едно решение не може да се постигне со насилство, истакна Пашињан, додавајќи оти меѓународната заедница треба да ја признае назависноста на непризнаената Република Нагорно-Карабах, ако сака да ја запре хуманитарната катастрофа во регионот. Во исто време, претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев изјави дека примирјето во Нагорно-Карабах, каде 11 дена има судири, не може да биде решено унилатерално. Пашињан и Алијев дадоа одвоени интервјуа за „Јуроњуз“ во кои меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е одговорен за ескалација на судирите. Примирјето неможе да се постигне еднострано. Тоа треба да биде билатерална одлука. Покрај тоа треба да се подготви и терен, истакна Алијев. Тој тврди дека Ерменија прва ги нападнала нивните воени позиции, инфраструктурата и цивилите. ми/

Остани поврзан