• петок, 22 ноември 2024

Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан

Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан
Тирана, 5 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Словенија, Борут Пахор за албанскиот портал „Албаниан пост“ денеска изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот. Тој истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европска Унија“. - Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ, истакна Пахор. Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ. Пахор потенцира ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Регионалниот совет за соработка (РЦ). ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан