• петок, 05 декември 2025

Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг

Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг

Карбинци / Свети Николе, 19 октомври 2025 (МИА) – Виктор Паунов од ВМРО - ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а кандидатката за градоначалник на СДСМ Љубица Соколовска освоила 527. Членовите на ВМРО - ДПМНЕ во Општина Карбинци веќе ја слават победат.

Дејан Владев од ВМРО - ДПМНЕ и во наредните четири години ќе менаџира со Општина Свети Николе.

-Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалник во прв круг. Мнозинство во Советот. Благодарам Свети Николе, напиша на својот фејсбук профил Владев. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан