• среда, 10 јули 2024

Патиштата во Општина Пласница целосно исчистени од снег

Патиштата во Општина Пласница целосно исчистени од снег

Кичево, 2 февруари 2022 (МИА) - Со акцијата спроведена од страна на општината од вчера наутро до денеска рано изутрина, целосно се исчистени од снегот патиштата во Општина Пласница, со што е овозможено сообраќајот да се одвива без проблеми.

Градоначалникот Алија Јаоски истакна дека за да не се дозволи прекин во сообраќајот или негово отежнато одвивање, од вчера изутрина до денеска во 4 часот наутро, со две машини целосно ги се исчистени патиштата во општината. Тој потенцира дека во чистењето на патиштата биле вклучени две градежни машини.

- Чистењето на патиштата во нашата општина го извршивме со две градежни машини, од кои едната сопственост на компанијата што го има тендерот за одржување на патиштата во зимски услови и втората машина ја отстапи еден наш соселанец, што побргу да се заврши работата, рече Јаоски и најави дека деновиве ќе бидат исчистени и сите патишта во четирите села во општината.

Тој информира дека покрај главните патишта деновиве ќе бидат исчистени патиштата и низ четирите селски населби, со што, како што рече, ќе создадеме услови за непречено функционирање на месното население.за/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан