Пасторе може да ја напушти Рома на лето
- Играчот за врска на Рома, Хавиер Пасторе е блиску до напуштање на тимот во летниот преоден рок, објави „Калчомеркато“.

Рим, 19 март 2021 (МИА) - Играчот за врска на Рома, Хавиер Пасторе е блиску до напуштање на тимот во летниот преоден рок, објави „Калчомеркато“.
Според изворот, 31-годишниот Аргентинец може предвремено да го раскине договорот со римскиот клуб, кој важи до крајот на јуни 2023 година. Се известува дека клубови од Саудиска Арабија и Катар се заинтересирани за фудбалерот.
Во сезоната 2020/21, Пасторе не одигра ниту еден натпревар за Рома.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 2,5 милиони евра. зс/