• недела, 22 декември 2024

Партиите од Федерација БиХ го осудија недоаѓањето на српските пратеници на седница на Парламентот

Партиите од Федерација БиХ го осудија недоаѓањето на српските пратеници на седница на Парламентот
Сараево, 27 јули 2021 (МИА) - Пратениците од партиите од Федерацијата Босна и Херццеговина ја осудија одлуката на претставниците на Република Српска да не учествуваат во работата на институцијата поради наметнатиот закон за забрана за негирање геноцид, поради што седницата на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ денеска беше откажана. Пратеникот на Партијата за демократска акција (СДА), Адил Османовиќ истакна дека, според Уставот на БиХ, имало кворум за работа и донесување одлуки во првиот круг на гласање. - Заклучокот на Колегиумот на Претставничкиот дом е политички, со цел да не се комплицира дополнително ситуацијата во БиХ, како и да се отвори простор за разговори и договор, а следната седница ќе биде во септември. Ќе се одржи, без оглед дали ќе дојдат пратеници од РС или не, посочи Османовиќ. Според него, одлуката за откажување на седницата е донесена врз основа на претходното искуство. - Досега имаше обиди да се блокира работата на државните институции. Тоа траеше еден период, така што повторно работеа сите институции. Денешниот заклучок на Колегиумот е добар и остава простор за разговор, наведе Османовиќ. Пратеникот на Социјалдемократската партија на БиХ (СДП), Саша Магазиновиќ, беше построг, изјавувајќи дека политичарите „не можат да глумат дека се е во ред, бидејќи Парламентот е блокиран“. ми/

Тагови

Остани поврзан