• петок, 27 декември 2024

Парламентарни избори во Бугарија: ЦИК- до 11 часот излезноста 8,97 отсто

Парламентарни избори во Бугарија: ЦИК- до 11 часот излезноста 8,97 отсто

Софија, 2 април 2023 (МИА) - Портпаролката на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) Росица Матева на првиот брифинг со новинарите на денешните петти парламентарни избори во земјата во последните две години изјави дека заклучно со 11 часот (10 часот по средноевропско) излезноста на гласачите во земјава изнесувала 8,97 отсто, јави БТА.

Најголем одѕив на гласачите има во Монтана - 14,07 отсто, а најмал во Пловдив - 6,16 отсто.

Во 11 часот на предвремените парламентарни избори на 2 октомври минатата година излезноста изнесуваше 8,89 отсто или 586.898 гласачи.

Според податоците на ЦИК, до 11 часот сега гласале 591.635 од вкупно 6.594.593 гласачи. сд/

Остани поврзан