• петок, 05 декември 2025

Парламентарниот карван се приближува кон целта, денеска на средби со граѓаните на Куманово

Парламентарниот карван се приближува кон целта, денеска на средби со граѓаните на Куманово

Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - Парламентарниот карван, кој тргна минатиот месец од Ресен, се приближува кон својата крајна дестинација. Денеска, со почеток во 11 часот, на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово, претставници од Собранието ќе имаат средби со граѓаните на оваа Општина, пред завршната манифестација во Скопје, што ќе се одржи в понеделник на 10 јуни.

-Девет општини во земјава и градот Скопје годинава се опфатени со Парламентарниот карван, кој во изминатите неколку седмици помина низ Ресен, Крушево, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Неготино, Тетово и Кичево. Притоа, преку разни активности, се испраќаат клучните пораки на манифестацијата „Собранието за граѓаните“ и „Отворено и одговорно“, а со цел да се подвлече дека законодавниот дом е одговорен како институција пред граѓаните, информира собраниската прес-служба. 

Парламентарниот карван обезбедува присуство на пратениците во општините или во изборните единици од каде што се избрани. Тоа е можност, велат од Собранието, пратениците да ги слушнат впечатоците на граѓаните за работата на Собранието и да се запознаат со проблемите кои бараат законодавна иницијатива.

Оваа активност на Собранието е во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) за 2025 година, финансиски поддржана од Швајцарската Конфедерација, а спроведувана во соработка со НДИ, ЦУП и ИДСЦС. сст/ац/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан