• понеделник, 17 март 2025

Папа Франциск: Се соочувам со искушение

Папа Франциск: Се соочувам со искушение

Ватикан, 16 март 2025 (МИА) – Папа Франциск во денешното nedelno обраќање до верниците изјави дека се соочува со искушение.

„Се соочувам со искушение и се придружувам на многу браќа и сестри кои се болни и кревки во овој момент, како и јас“, стои во пораката што ја објави Ватикан, откако папата повторно не успеа лично да ја одржи традиционалната молитва „Ангел Господов“.

Папата пред повеќе од еден месец беше хоспитализиран во Рим поради воспаление на белите дробови. Тој се заблагодари на медицинските лица за нивната посветеност и љубов, нагласувајќи дека нивната работа е „најблагородна служба“.

По повод Светскиот ден на детето, група деца и нивни родители се собраа пред болницата во Рим за да се помолат за здравјето на папата.

„Знам дека многу деца се молат за мене, а некои дојдоа и овде. Ви благодарам, драги деца! Папата ве сака и секогаш со радост очекува средби со вас“, рече Франциск.

Тој повторно повика на молитва за мир во земјите зафатени од воени конфликти, меѓу кои Украина, Палестина, Израел, Либан, Мјанмар, Судан и Демократска Република Конго.

Синоќа Ватикан соопшти дека папата ќе остане во болница на понатамошно лекување, иако неговата здравствена состојба се подобрува. ssm/

foto> arhiva

Остани поврзан