• вторник, 05 ноември 2024

Папаја во Танзанија позитивна на коронавирусот

Папаја во Танзанија позитивна на коронавирусот
Додома, 5 мај 2020 (МИА) - Во лабораторија во Танзанија, тестирање на папаја, овца и коза, покажало присуство на коронавирусот. Следи проверка и истрага поради сомнежи во квалитетот на тестовите. Директорот на Националната здравствена лабораторија на Танзанија и нејзиниот раководител за квалитет, се суспендирани поради натамошна истрага. Сѐ тоа затоа што претседателот на државата, Џон Магуфули се посомневал во веродостојноста на корона-тестовите, па претходно наредил - наместо од луѓе, тајно да се земат и достават примероци од животни и растенија. Претседателот Магуфули својата „тајна операција“ ја откри потоа, во директен ТВ-пренос. Министерството за здравство состави комитет од 10 лица кои „ќе го истражуваат однесувањето“ во лабораторијата. Проверката  и резултатите би биле готови до 13 мај. Според последните податоци, до минатата седмица, во земјата се потврдени 480 случаи на коронавирусот, меѓу кои 167-мина се оздравени, а 16 починати. си/

Остани поврзан