• петок, 22 ноември 2024

Папата Франциск именуваше нов eпископ во Хонг Конг

Папата Франциск именуваше нов eпископ во Хонг Конг
Рим, 17 мај 2021 (МИА) - Папата Франциск денеска го именуваше Стивен Чау за нов епископ во Хонг Конг, што долго се одложуваше поради несогласувањата на Ватикан и зголемената загриженост на Западот за прашањата на човековите права во глобалниот финансиски центар.
Чау (61) ќе го замени кардиналот Џон Тонг, кој привремено беше на должност по смртта на претходен епископ Мајкл Јеунг, во јануари 2019 година.
Како што пренесуваат странските агенции, постарите свештеници во Хонг Конг, запознаени со ситуацијата, рекоа дека новиот владика мора да ги намали тензиите меѓу верниците поделени меѓу оние кои сакаат епархијата да ја брани опаѓачката слобода во Хонг Конг и другите, вклучувајќи и некои моќни луѓе, кои сакаат пристап со помалку конфронтации.
Назначувањето на Чау следеше по два неуспешни обида за пополнување на позицијата. Претходните потенцијални кандидати се сметаа или премногу блиску до Пекинг или потенцијално неприфатливи за кинеските власти поради нивниот ангажман за време на неколкумесечните насилни протести во градот во 2019 година. паг/
 
 
 

Остани поврзан