• петок, 22 ноември 2024

Палма побара оставка од министерот за економија, Раде Баста, од сите функции во српската Влада

Палма побара оставка од министерот за економија, Раде Баста, од сите функции во српската Влада

Белград, 20 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Единствена Србија (ЈС) и коалиционен партнер на владеачките СПС и СНС, Драган Марковиќ Палма, му даде рок на нивниот член на владата, министерот за економија Радета Баста, да поднесе оставка од сите позиции предложени од ЈС, во која е вклучена и функцијата министер за економија, јави дописникот на МИА од Белград.

-За Единствена Србија Раде Баста повеќе не е член на партијата, и за Единствена Србија Раде Баста повеќе не е министер во Владата на Србија, изјави Марковиќ и додаде дека барањето за смена на Баста е исто така доставена и до Владата.

Тој потсети дека на седницата на Претседателството на ЈС, одржана на 10 април во Јагодина, беше донесена едногласна одлука за смена на Баста од функцијата потпретседател на партијата.

-Причината за смената во партијата и барањето за смена во Владата на Србија е следната: Изјавите на Радета Баста дека Србија треба да воведе санкции против Русија и дека сите министри во Владата на Србија треба да се приклучат на протестите во Белград се дијаметрално спротивно на програмата на Единствена Србија и на државната и националната политика што ја спроведува Владата на Србија, рече Марковиќ.

Тој додаде дека во секоја земја во светот, доколку некој министер не се согласува со државната политика што ја спроведува Владата чиј член е тој, поднесува оставка.

Претходно министерот Баста за Данас изјави дека нема да даде оставка и дека ќе мора да го сменат, бидејќи неговата оставка ништо нема да реши во земјата, подржувајќи дел од барањата од протестите „Србија против насилството“, за смена на членовите на РЕМ и давање на национална фреквенција на ТВ Нова.

Раде Баста денес го регистрираше движењето „Европски пат“ и најави излегување на сите престојни избори. об/сд/

Остани поврзан