Пакистанските безбедносни сили спречија терористички напад во колеџот
- „Со навремен и ефикасен одговор, припадниците на пакистанските безбедносни сили спречија терористички напад врз колеџот“, изјавија безбедносни извори, додавајќи дека во времето на нападот, во колеџот биле присутни околу 650 лица, вклучувајќи 525 кадети, јави кинеската агенција Ксинхуа.
Исламабад, 12 ноември 2025 (МИА) - Пакистанските безбедносни сили спречија терористички напад во колеџ во округот Јужен Вазиристан, во покраината Хајбер Пахтунхва, на северозападот од земјата, соопштија денеска пакистански безбедносни извори.
„Со навремен и ефикасен одговор, припадниците на пакистанските безбедносни сили спречија терористички напад врз колеџот“, изјавија безбедносни извори, додавајќи дека во времето на нападот, во колеџот биле присутни околу 650 лица, вклучувајќи 525 кадети, јави кинеската агенција Ксинхуа.
Извори од пакистанските безбедносни служби изјавија дека сите петмина терористи, вклучувајќи го и бомбашот самоубиец, биле неутрализирани за време на операцијата.
Потврдено е дека зградата на колеџот се расчистува за да се исклучи можноста за импровизирани експлозивни направи.сд/
фото:МИА архива