„Пазар на фармери“ во Битола
- Во Старата чаршија во Битола денеска ќе се одржи манифестацијата „Пазар на фармери“, поддржана од Општина Битола, а координирана од „Слоу Фуд Битола“.

Битола, 25 септември 2021 (МИА) - Во Старата чаршија во Битола денеска ќе се одржи манифестацијата „Пазар на фармери“.
На пазарот граѓаните ќе можат да дегустираат, купат и да се едуцирате за домашна локална храна, а органска храна, како и за традиционални преработени производи. Понудата е директно од производителите со најдобар квалитет.
Манифестацијата е поддржана од Општина Битола, а координирана од „Слоу Фуд Битола“.цр/са/