• петок, 15 ноември 2024

ОЈО Скопје постапува по кривичната пријава за претресот во Управата за финансиска полиција

ОЈО Скопје постапува по кривичната пријава за претресот во Управата за финансиска полиција
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) – ОЈО Скопје постапува по кривичната пријава за злоупотреба на службена должност при претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК. Како што информираат од ОЈО Скопје на денешниот брифинг со новинари, веќе се прибрани материјални докази и сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во следните денови ќе се испитаат и пријавените лица. Од ОЈО Скопје посочуваат дека станува збор за пријавени лица и сега за сега не се сослушани други, за што на крајот одлучува обвинителот кој постапува. Подносител на пријавата е Управата за финансиска полиција, а оштетено лице е Арафат Муареми. - Пријавено е дејствието на злоупотреба на службена должност во контекст на нешто што не било созреано за претрес и немало таква документација за претрес, а е направено. Како аргументација кон пријавата е посочен и извештајот од надзорот и тоа што се случувало таму, појаснуваат од ОЈО Скопје. Управата за финансиска полиција на 8 август годинава, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за„злоупотреба на службена положба и овластување“  при претресот во Управата за финансиска полиција извршен на 18 јули годинава. аа/са/  

Остани поврзан