ОЈО - Гостивар покрена обвинение за кражба против 20 годишно лице
- Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 20-годишно лице од село Чегране, соопштија о
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 20-годишно лице од село Чегране, соопштија од гостиварското обвинителство.
-На 07.09.2020 година, една оштетена купила овошје на улица „Илинденска“ во Гостивар и го замолила обвинетиот да и помогне да ги однесе ќесиите до пунктот каде што се паркираат возила кои вршат јавен превоз на патници. Обвинетиот прифатил и двајцата се упатиле кон пунктот. Поминувајќи покрај менувачница, оштетената извадила две банкноти од по 50 евра со намера да ги размени во денари. Во тој момент, обвинетиот и зграпчил една од банкнотите во раката и се дал во бегство, информираат од ОЈО Гостивар. оџ/ац/