• петок, 22 ноември 2024

ОЈО Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за уништување извршителски печат

ОЈО Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за уништување извршителски печат
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како што информираат од ОЈО, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, попишано поради неплатен долг кон една банка. - Печатот бил ставен на возилото по поднесено барање за извршување и пресуда од 2009 година од Основниот суд Гостивар. Јавниот обвинител предложи на обвинетиот за стореното да му биде изречена условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци, се вели во соопштението од ОЈО. аа/дма/

Остани поврзан