ОЈО Велес поведе постапка за силување
- Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, осомничен дека искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на
Скопје, 16 ноември 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, осомничен дека искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес.
- На 17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело, се вели во соопштението од ОЈО.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот имјќи ги предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, а судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифатил предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Лицето се сомничи дека сторил продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик. аа/дма/