• понеделник, 23 декември 2024

Очното одделение во Прилеп доби донација од „Лајонс“ асоцијацијата

Очното одделение во Прилеп доби донација од „Лајонс“ асоцијацијата

Прилеп, 30 јуни 2022 (МИА) - Очното одделение при прилепската Градска болница денеска доби донација апарати од Асоцијацијата „Лајонс“.

Како што појасни началникот на одделението, д-р Дејан Ристески, станува збор за апарати кои ќе ја подобрат дијагностиката, а се наменети за Кабинетот за ортооптика во кој се лекуваат деца. Донацијата е во висина од 12.000 евра.

- Нашиот кабинет за ортооптика, во кој се лекуваат младите пациенти, децата кои имаат проблеми со видот, има традиција повеќе од 40 години. Опремата со време се амортизираше и од тој аспект беше исклучително добредојдена понудата да се обезбеди донација во апарати за работата на кабинетот. Со оваа донација добивме два апарати, од кои едниот е биомикроскоп со кои се вршат испитувања за состојбата на очите на нашите мали пациенти, како и апарат за дијагностички и терапевтски цели за лекување на слабовидноста кај децата. Светските анализи говорат дека кај околу четири проценти од децата има слабовидност кај едното око, рече Ристески.

Весна Пацаноска, координатор на асоцијацијата „Лајонс“ вели дека донацијата е дел од нивната заложба да помогнат, особено на младата популација.

- Работиме во интерес на пациенти и на луѓе на кои им треба помош. Оваа донација е за потребите на Очното одделение во прилепската Болница. Приоритет имаме во помагањето на слабовидни лица. Донацијата е во висина од 12.000 евра. Нашата помош продолжува, рече Пацаноска. ем/ар/

Остани поврзан