Официјално: Ракитиќ ќе игра за Севиља
- Ова е прва продажба на каталонскиот клуб по назначувањето на новиот тренер, Роналд Куман.
Севиља, 1 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ официјално се пресели во Севиља, објавија од „Камп Ноу“. 32-годишниот хрватски играч за врска ќе игра на „Рамон Санчез Писхуан“ за трансфер вреден 1,5 милиони евра плус 9 милиони бонуси.
Ова е прва продажба на каталонскиот клуб по назначувањето на новиот тренер, Роналд Куман.
Всушност, првата трансфер операција за излез од „Камп Ноу“ беше онаа на Артур, која беше договорена пред крајот на сезоната.
Утре, Ракитиќ ќе одржи проштална онлајн прес-конференција. Хрватот помина шест сезони во Барселона, освојувајќи 13 трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и четири титули во Ла Лига.