• петок, 22 ноември 2024

Официјално пуштен во употреба новоизградениот паркинг во тетовски Лешок

Официјално пуштен во употреба новоизградениот паркинг во тетовски Лешок

Тетово, 2 април 2021 (МИА) - На свечен начин официјално беше пуштен во употреба новоизградениот паркинг од 2300 метри квадратни во тетовски Лешок помеѓу манастирскиот комплекс и специјалната болница за белодробни заболувања.  Паркингот е изграден со средствата од Бирото за рамномерен регионален развој. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека проект е реализиран по барање на Општина Теарце заедно со манастирскиот комплекс, но со апликација на локалната самоуправа до Биро за рамномерен регионален развој.

-Владата сметаше дека за овој регион има приоритет и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари. Тендерските постапки дури и ја намалија вредноста на изградбата. Од голема важност е да имаат пристапност и паркинг простор, со ова овозможуваме полесен пристап за сите туристи кои доаѓаат во овој крај, бидејќи овој манастир е од исклучителна важност за регионот, не само духовна туку и од културна вредност. Тука се наоѓа и државната болница за белодробни болести која што во регион многу се најде особено во оваа ковид криза и токму поради тоа во вистински момент се направи овој паркинг за да можат сите овие објекти кои се наоѓаат тука да имаат пристапност и паркинг простор. Доаѓаа многу автобуси, многу возила и немаа каде да паркираат. На овој начин и за туристите и за сите оние кои што имаат потреба од болницата, овие објекти станаа подостапни и повеќе ги промовираме. Се разбира важно е и за локалната економија. Со доаѓањето на повеќе туристи и општината има поголема корист и економски бенефит. И потпреседателот Љупчо Николовски, помогна да се имплементира овој проект, изјави министерот Горан Милевски.

Градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани ја потенцираше соработката на локалната самоуправа, манастирскиот комплекс и болницата во намерата да се изгради паркингот.

-На свечен начин го промовираме паркингот, бидејќи е во интерес на сите граѓани и е барање од сите граѓани не само од Лешок, туку и на ниво на државата. Бидејќи тука е државна болница за пулмологија, а се наоѓа и Лешочкиот манастир. Со владиката г. Јосиф сме ги менаџирале работите во координација,како и локална со централна власт до реализација на овој проект. Ние ќе продолжиме да соработуваме за подобра инфраструктура и во иднина, истакна градоначалникот Асани.

Директорот на болница Исмаил Ваити посочи дека се надминува проблемот со паркирање за пациентите во неговата установа.  

-Навистина имавме проблем со паркирањезатоа што болница немаше свој паркинг простор за да ги користат пациентите кои доаѓаат за преглед и лекување. Тука се лекуваат специфични туберкулозни  болни во еден оддел и тоа од цела држава. На другиот кат се третират полесни ковид пациенти каде имаме оддел со 10 кревети, истакна Исмаил Ваити, директор на специјалната болница за белодробни болести. ас/сст/

Остани поврзан