• недела, 22 декември 2024

Отфрлено обвинението кон Бритни Спирс за напад врз вработена

Отфрлено обвинението кон Бритни Спирс за напад врз вработена
Лос Анџелес, 2 септември 2021 (МИА) - Обвинителството одби да поднесе тужба против поп-пејачката Бритни Спирс, откако член на домашниот персонал ја обвини за телесни повреди. Обвинение нема да биде покренато бидејќи нема доволно докази дека прекршокот се случил и нема повреди кај вработената, соопшти Округот Вентура. Жената поднесе тужба на 16 август, по наводна расправија во куќата на пејачката. Таа тврдеше дека Бритни ѝ го грабнала мобилниот телефон од раце, но по истрагата е заклучено дека нема видливи повреди, ниту штета на мобилниот телефон. - Обвинителството на Округот Вентура ја отфрли прекршочната пријава против Бритни Спирс, што не е изненадување. Одделот на шерифот призна дека ова е исклучително мал инцидент и рече дека немало напад или повреди. Како што реков претходно, ова не е ништо друго освен претерување и шпекулација. Ако стануваше збор за непозната личност, а не за Бритни Спирс, немаше воопшто да се следи, потврди адвокатот на пејачката - Метју Розенгарт. Тој смета дека вработената не требало да поднесе тужба и оти Обвинителството ја направило вистинската работа. - За жал, очигледно е дека некои не научија ништо од минатото и се надеваме дека медиумите и другите во иднина повеќе ќе ја почитуваат г-ѓа Спирс, заклучува адвокатот.  си/

Остани поврзан