• вторник, 11 март 2025

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Центар и Гази Баба

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Центар и Гази Баба

Скопје, 11 март 2025 

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба.

Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени  кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.

Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50.

ЈП „Комунална хигиена“

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото ЈП „Комунална хигиена“

 

Остани поврзан