• сабота, 22 февруари 2025

Отповиканиот јужнокорејски претседател одби да биде испрашуван од истражителите

Отповиканиот јужнокорејски претседател одби да биде испрашуван од истражителите

Сеул, 20 јануари 2025 (МИА) – Отповиканиот  јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол денеска одби да биде испрашуван од истражителите, како дел од истрагата за тоа дали организирал бунт кога воведе краткотрајна вонредна состојба на 3 декември.

Десетици поддржувачи на Јун се соочуваат со обвиненија за насилниот напад врз судската зграда.

Властите соопштија дека е зголемено обезбедувањето во притворскиот центар во Сеул во кој се наоѓа Јун, како и во Уставниот суд, што ја води постапката за негово отповикување и одлучува дали трајно ќе го смени од функцијата.

Јун вчера и формално беше притворен, кога беше и фотографиран за неговото досие, откако судот го одобри налогот за притвор, наведувајќи дека осомничениот може да уништи докази.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан