• сабота, 13 јули 2024

Откриени девет мигранти од Индија и Пакистан во Радовишко

Откриени девет мигранти од Индија и Пакистан во Радовишко
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - Полицијата ноќеска во возило на место викано „Лакавичка раскрсница“ во општина Конче открила девет мигранти од Индија и Пакистан. - На 11 март во 03.30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш на место викано „Лакавичка раскрсница“ општина Конче пронашле моторно возило „Џип Сангојнг“ во кое имало девет лица мигранти, од кои пет од Индија и четири од Пакистан, на возраст помеѓу 20 и 30 години, соопшти МВР. ОВР Радовиш во координација со инспектори од РЦ Исток презема мерки за целосно расчистување на случајот. мс/сп/

Остани поврзан