Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан настап на Михаил Парушев
- Во Сули ан, наместо „Во моите чевли”, ќе биде претставен материјалот за концертот на Михаил Парушев (Парусион) кој во рамки на јубилејното 45. „Скопско лето” е закажан за вторник, 30.07.2024 во Куршумли ан.

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) - Авторката на перформансот „Во моите чевли” Јована Зајкова, го откажа вечерашниот настап на „Скопско лето“, информира Дирекцијата за култура и уметност.
Со почеток во 20:30 часот, во Сули ан, наместо „Во моите чевли”, ќе биде претставен материјалот за концертот на Михаил Парушев (Парусион) кој во рамки на јубилејното 45. „Скопско лето” е закажан за вторник, 30.07.2024 во Куршумли ан. мч/мд/
фото: Дирекција за култура и уметност.