• понеделник, 23 декември 2024

Отворени новите канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Скопје

Отворени новите канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Скопје

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Со подобрени услови за работа и услуги за граѓаните денеска беа отворени новите канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Скопје.

Канцелариите, како што најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, се наменети за подрачните центри за социјална работа за општините Аеродром и Центар.

 -Граѓаните од овие општини кои имаат потреба од права, услуги или потреба од информации од Центарот за социјална работа ќе можат да ги добијат токму овде, изјави Тренчевска.

Министерката нагласи дека подобрувањето на условите за работа и повисоки плати за вработените се приоритет на Владаташто е потврдено и со потпишувањето на Општиот колективен договор за јавен сектор.

-Добивањето на повисоки плати и поголеми поволности од аспект на работнички права значи дека сите вработени во центрите за социјална работа ќе мора да обезбедуваат брзи и квалитетни услуги за граѓаните, истакна Тренчевска.

Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Изеир Мемеди посочи дека во соработка со Министерството за труд и социјална политика се подобруваат условите за работа на подрачните служби на Центарот со што и граѓаните ќе добиваат поквалитетни услуги.

-Во наредниов период нови простории ќе добијат и службите за општина Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, најави Мемеди.

Новите канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Скопје се наоѓаат на булевар „Климент Охридски“ број 15 (зад Соборниот храм).  сан/ар/

 

Остани поврзан