• петок, 03 мај 2024

Отворена изложбата „Хрватска низ времето“ во Тетово

Отворена изложбата „Хрватска низ времето“ во Тетово

Тетово, 9 јуни 2021 (МИА)Со свеченост вечер беше отворена изложбата на слики насловена  „Хрватска низ времето“ во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово, во организација на тетовското Македонско-хрватско друштво (МХД). Автори на ликовните дела се 20 учесници од двомесечната ликовна работилница на МХД, под менторство на м-р Славчо Максимовски.

- Пријатно сум изненадена со овие изработки кои ги видов, импресионирана сум, не можам да верувам дека тоа се цртежи на деца од 11 години и навистина секоја чест на организаторот и на идејата. Таа изложба „Хрватска низ времето“ ме донесе тука во Тетово после пандемијата после попуштање на мерките за прв пат на посета на Македонско-хрватското друштво. Соработката македонско-хрватската е одлична и во другите културни подрачја, како музиката и други области. Тоа е поради блискоста на нашите народи и интензивната комуникација и посетите во летните месеци и слично, изјави Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска во Северна Македонија.

- Изложбата е резултат на повеќе месечната работа и на ликовните работилници кои ги одржуваше професорот Славчо Максимовски, автори на делата се околу 20-тина деца и млади кои изманитиве неколку месеци твореа на темата Хрватска, претставена е различна хрватска архитектура во градовите, претставен е главниот град, а акцент е даден на приморското подрачје, изјави Марко Видачек од МХД Тетово.

Координаторот на децата творци Славчо Максимовски рече дека се работело во повеќе техники како акрил на картон, акварарел, туш и молив.

- Имав покана од МХД  за оваа работилница. Сметам дека децата од најмала возраст треба да ги учиме да ја сакат сопствената држава но и да ги почитуваат сите други. Јас лично имам голема љубов кон Хрватска како земја, а увидов и кај децата. Верувам и задоволство ми беше да твориме на оваа тема. Уметноста треба да ги спојува нарродите

Изложбата беше збогатена и со музичка интерпретација на македонски и хрватски песни во изведба на триото „Шербет“.ас/фф/

Остани поврзан