• петок, 22 ноември 2024

Отворање на Јуроп Хаус во Велес

Отворање на Јуроп Хаус во Велес

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Велес Марко Колев денеска официјално ќе ја отворат новата Јуроп Хаус во Велес.   

Јуроп Хаус Велес, како што информираат од Делегацијата на ЕУ, е петтиот центар во рамки на мрежата, наменет како простор за размена на идеи, иницијативи, активизам и култура на младите од Велес и Повардарието.

Програмата на отворањето опфаќа активности во текот на целиот ден, почнувајќи од дебати и вмрежување до изложби и диџеј сетови, а вечерта ќе се одржи концерт на отворено во Младинскиот парк.

Јуроп Хаус Велес ќе се приклучи на мрежата на канцеларии што Делегацијата на Европската Унија ги отвора низ целата земја од 2019 година. Во моментов работат четири канцеларии и тоа во Скопје, Крива Паланка, Струмица и во Битола. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан