Отворањето на „Гола месечина“ се одложува за утре поради временските услови
- Отворањето на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ поради временските услови се одложува за утре, 11 септември 2024 година, соопшти денеска Општина Аеродром.

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Отворањето на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ поради временските услови се одложува за утре, 11 септември 2024 година, соопшти денеска Општина Аеродром.
Стендап-настапот на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски се одложува за утре со почеток од 19:00 часот, по што ќе настапи Импров група, како што првично беше предвидено.
Следните настапи ќе се одржат според објавениот репертоар во паркот „Авионче“, а сите претстави почнуваат во 20:00 часот. мд/дма/
Фото: Општина Аеродром