• петок, 22 ноември 2024

Осумстотини кинески работници до април нема да се вратат во Црна Гора

Осумстотини кинески работници до април нема да се вратат во Црна Гора
Подгорица, 27 јануари 2020 (МИА) - Црногорските власти се договорија со кинеската компанија „Чајна роуд енд бриџ корпорејшн“ (CRBC), која ги гради црногорските автопатишта, околу 800 нејзини работници, кои претходно заминале во Кина, да останат во својата земја најмалку до април, со цел да се избегне можноста за ширење на коронавирусот. Според директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша, повеќето од работниците, кои се ангажирани во изградба на автопатиштата во Црна Гора, потекнуваат од провинцијата во која се наоѓа градот Вухан. - Осуммина кинески работници, кои допатуваа од Кина, се под надзор, а останатите нема да се вратат во Црна Гора најмалку до април. Тоа е договорено на состанокот со претставниците на CRBC, истакна Мугоша на прес-конференција во Подгорица. Претходно во медиумите била објавена информација дека црногорските надлежни служби го отфрлиле сомнежот дека тројца кинески туристи, кои престојуваат во Црна Гора, се инфицирани со коронавирусот. Туристите им пријавиле проблеми со дишењето на здравствените работници во Будва. Двајца од нив имале помали проблеми со респираторните патишта, карактеристични за слаба настинка, додека третиот кинески државјанин имал малку повисока телесна температура. гт/

Остани поврзан