• понеделник, 16 март 2026

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот

Каракас, 22 февруари 2026 (МИА) - Вкупно 80 политички затвореници се ослободени синоќа во Венецуела како дел од неодамнешната амнестија, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез.

„Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија.

Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на САД.

Законот, усвоен од пратениците, беше ветен под притисок од САД од страна на привремената претседателка Делсеа Родригез, која ја презеде функцијата по апсењето на претседателот Николас Мадуро за време на американската воена операција на 3 јануари. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан