• четврток, 14 ноември 2024

Осумдесет и еден санкциониран возач во Чаир, 13 без возачка

Осумдесет и еден санкциониран возач во Чаир, 13 без возачка
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - На територијата на Чаир МВР вчера изрече вкупно 81 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, шест за управување под дејство на алкохол, три за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, две за возач почетник. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, нагласува МВР. ац/

Остани поврзан