• вторник, 21 април 2026

Интензивна акција за чистење и уредување на јавните површини во општината Маврово и Ростуше

Интензивна акција за чистење и уредување на јавните површини во општината Маврово и Ростуше

Дебар, 20 април 2026 (МИА) - Со несмалена динамика се реализира акцијата за чистење и уредување на јавните површини во сите населени места, во која се вклучени  екипите на општината Маврово и Ростуше, поддржани со соодветна механизација.

-Акцијата опфаќа темелно чистење на патиштата и сите места каде што се движат граѓаните. Се посветува внимание на секој квадрат,  од кастрење на вегетацијата и чистење на наносите, до поправка на урбаната опрема. Екипите се присутни на терен, со цел да се обезбеди свеж и уреден изглед на секој дел од нашата заедница, рече Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање.

Додава дека општината има јасна цел а тоа е чиста и пријатна животна средина за сите жители и посетители. 

 

-Со ангажман на сите расположливи ресурси, работиме на тоа општината да ја дочека пролетта во полн сјај, со што сите ќе се гордееме. Хигиената на јавните простори е наш приоритет и затоа во наредните денови ќе продолжиме со висок интензитет сè додека не се исчисти и последната точка во општината, нагласува Ибраими.

Според него, освен расчистувањето, се работи и на пополнување на ударните дупки на патиштата, со цел побезбеден сообраќај. вт/дма/

Фото: Општина Маврово и Ростуше

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан