• сабота, 21 декември 2024

Остин: Повеќе од 800 ветерани исфрлени од американската војска поради сексуална ориентација ќе добијат чесен отпуст

Остин: Повеќе од 800 ветерани исфрлени од американската војска поради сексуална ориентација ќе добијат чесен отпуст

Вашингтон, 15 октомври 2024 (МИА) - Повеќе од 800 ветерани кои биле исфрлени од американската војска поради нивната сексуална ориентација ќе добијат почесен отпуст, соопшти денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. 

-Под водство на претседателот Бајден, Министерството за одбрана презеде извонредни чекори за да ја поправи штетата нанесена на поранешните припадници на војската од претходната политика, рече Остин во изјавата, пренесе Си-Би-ЕС Њуз.

Статусот на нивното отпуштање од војската автоматски ќе се промени, што ќе им овозможи да користат некои бенефиции што претходно не можеа, како што се здравствена заштита, помош за школарина, програми за заем, па дури и наоѓање работа. 

Во посебна иницијатива објавена во јуни, претседателот Бајден се обиде да врати дел од штетата што системот на воено правосудство им ја нанесе на осомничените хомосексуалци со издавање помилувања за поранешните војници осудени за хомосексуалност, што беше забрането во американската војска.

Војската пред 10 години ја прекина праксата на забрана на служење војска на оние кои се идентификуваат како ЛБГТ, но промената во подобноста за отпуштање не се однесува на ветераните кои служеле во војска во децениите пред да стапи на сила забраната. Имено, тие биле во војска во време кога постоело правило дека припадниците на ЛБГТ воопшто не можат да служат војска, а како што наведува Си-Би-Ес, токму некои од овие ветерани се меѓу најпогодените поради долгогодишната практика на дискриминација. 

Пентагон нема да ја прошири својата ревизија на случаи подалеку од бројката 800 на ветерани чии почесни отпуштања беа објавени денеска. 

Други поранешни припадници на војската кои сакаат да им се смени статусот на отпуштање од армијата ќе треба да поднесат барање.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан